• четврток, 19 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Процесот на децентрализацијата целосно стопиран, ЗЕЛС не е доволно активен во процесот

ВМРО-ДПМНЕ: Процесот на децентрализацијата целосно стопиран, ЗЕЛС не е доволно активен во процесот
Скопје, 8 ноември 2022
Ефикасноста на локалната самоуправа во Република Македонија и квалитетот на услугите кои ги дава на граѓаните во голема мерка зависи и од степенот на финансиската самостојност на општините.
За жал, веќе 5 години можеме да увидиме дека имаме целосно стопирање на процесот на децентрализацијата во Република Македонија, што е клучно за развојот на локалната самоуправа.
Изминативе години имаме целосен застој и блокирање во ова поле, а за тоа најмногу е крива СДСМ, која изминативе 5 години со нивното владеење на централно и локално ниво, не покажаа никаква желба за подобрување на капацитетите на локалната самоуправа.
Една од причините за овој застој, за жал, можеме да ја лоцираме и во неактивноста на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), која како тело претставник на општините мора да е предводник во процесот на фискалната децентрализација и вистински партнер во сите реформи во локалната самоуправа.
Ова тело, за жал, изминативе 5 години го изгуби своето вистинско значење и функција, каде додека претседател беше минатиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, истото се трансформира во безгласен послушник на централната власт.
Наша надеж беше дека новото раководство на ЗЕЛС, предводено од градоначалничката на Скопје Арсовска, ќе го врати кредибилитетот на ова тело и повторно ќе стане лидер во процесот на реформите и фискалната децентрализација, но повторно, за жал, сведоци сме дека освен неколку формални и јалови прес-конференции каде се бара помош од централната власт, ЗЕЛС е апсолутно безгласен.
Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ апелира ЗЕЛС да ги зголеми своите активностите во насока на забрзување на реформите и фискалната децентрализација, се со цел извршување на основната функција на своето постоење, а тоа е застапување на интересите и потребите на локалната самоуправа во Република Македонија. ЗЕЛС мора да го врати респектот во македонската јавност и да стане еднаков партнер со централната власт во сите прашања и активности кои се од делокругот на локалната самоуправа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан