• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: На 11 Октомври наместо државната, Владата ја пушти партиската химна

ВМРО-ДПМНЕ: На 11 Октомври наместо државната, Владата ја пушти партиската химна

Скопје, 12 октомври 2023

Ковачевски го исквернави 11 Октомври, наместо државната, Владата ја пушти партиската химна, 24 часа од настанот нема извинување.

Најмалку што требаше да направи Ковачевски е да се извини и да има одговорност за настанот. Со самиот факт што нема извинување станува јасно дека власта всушност намерно ја пуштила партиската химна на СДС на државен настан.

Претходно во текот на најавите за настанот на банерите пуштени од Владата целосно беше изоставена Македонија. Оттука се поставува прашањето дали всушност намерно е пуштена партиската химна на СДС на државен настан?

Од што се срами Ковачевски? Што е целта на сквернавењето?

Очекуваме итно извинување од власта и одговорност. Партиски може да прават што сакаат, но со државни пари и како влада мора да ги почитуваат симболите на државата.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан