• вторник, 23 април 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работат, тие од СДС немаат ниту еден проект

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работат, тие од СДС немаат ниту еден проект

26 март 2023 

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година имаат сработено повеќе од цела влада на СДС и ДУИ во општините со кои раководат.

Нови булевари, улици, тротоари, канализациони системи, паркови и спортски терени се секојдневие за општините со кои раководат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Планот за капитални инвестиции продолжува и во 2023 година, со предвидени 70 милиони евра за 748 проекти.

Во изминатиов период се отворија нови градинки во Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода. Се реновираа училишта во поголем број на општини низ државата.

И додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат, тие од СДС немаат ниту еден проект, до толку нема што да кажат што немаа ниту отчети за сработеното.

СДС е во страв затоа што ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи, и народот јасно ја гледа разликата.

 Со почит, 

Реакција на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан