• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Иван Џолев со партиското соопштение призна дека го прекршил законот

ВМРО-ДПМНЕ: Иван Џолев со партиското соопштение призна дека го прекршил законот
Скопје, 9 јуни 2021

Соопштението на Претседателот на Судот Иван Џолев е исто како да го пишувал Зоран Заев, со политички оценки, а без правни аргументи. Денешното партиско соопштение на Претседателот на Судот Иван Џолев, ги оправдува уште еднаш епитетите за „Сваровски“, „Луј Витон“, „Трас трас” судство.

Џолев во суштина признава дека незаконски има судија поротник (Митко Сандев) кој активно постапува во судските случаеви надвор од пропишаниот закон.

Иван Џолев признавајќи ја вината за незаконското делување и постапување на судијата поротник, ја префрла целата вина на Судскиот Совет, кој пак имаше седница пред само два дена и разреши судија поротник за токму истата причина.

Иван Џолев е виновен за незаконското постапување во врска со овој случај.

Член 80 од Законот за Судови е и повеќе од јасен дека со навршување на 60 години на судија поротник, му прекинува мандатот веднаш и нема ниту една друга алтернатива.

Иван Џолев призна дека денешното рочиште за случајот „Талир“ е незаконито, вклучително и казната за ВМРО-ДПМНЕ е неоснована. ВМРО-ДПМНЕ денеска беше казнето парично само затоа што бараше судијата Осман Шабани да го почитува законот.

Кога Судот во Република Македонија не ги почитува законите мислејќи дека е неказнив, тогаш самиот го руши правниот систем, а за тоа се носи одговорност.

Иван Џолев има две правни опции: Или ќе го почитува Законот или ќе одговара за свесно кршење на Законот со политичка намера.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан