ВМРО-ДПМНЕ: За шест месеци Македонија ја посетиле скоро 400 000 странски туристи, 20 отсто повеќе од лани
- Преземените мерки и добро планираните политики на Владата во секоја област, почнаа да го даваат својот резултат. Македонскиот туризам расте и се развива, Македонија станува посакувана дестинација за странски посетители кои сакаат да ги посетат македонските градови и села, езера и планини. Покрај за природните убавини и богатства, туристите ја посетуваат Македонија за да уживаат и во прекрасната македонска традиционална кујна и вина. Во првите шест месеци од годинава Македонија бележи раст на бројот на странски туристи за скоро 20 проценти, споредено со истиот период лани, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Скопје, 17 август 2025
Преземените мерки и добро планираните политики на Владата во секоја област, почнаа да го даваат својот резултат. Македонскиот туризам расте и се развива, Македонија станува посакувана дестинација за странски посетители кои сакаат да ги посетат македонските градови и села, езера и планини. Покрај за природните убавини и богатства, туристите ја посетуваат Македонија за да уживаат и во прекрасната македонска традиционална кујна и вина. Во првите шест месеци од годинава Македонија бележи раст на бројот на странски туристи за скоро 20 проценти, споредено со истиот период лани, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Најновите податоци на Државната статистика, покажуваат дека во првите шест месеци од годинава во посета на македонските туристички места, дошле речиси 400 илјади странски гости.
Вкупниот раст на туризмот во првото полугодие споредено со истиот период 2024 година, изнесува 13,5 отсто.
Исто така, раст има и кај реализираните ноќевања, кои во истиот период, споредено со првата половина од 2024 година, зголемени се за 8,5%.
И ова не се само статистички бројки и податоци, тие претставуваат резултат на макотрпна и посветена работа на сите чинители во оваа владино раководство, кои не се штедат себеси, туку напротив целосно се вложуваат за да ги подобрат состојбите во државата.
Ваквите позитивни резултати претставуваат мотив, Владата уште поинтензивно и попосветено да работи за реализација на поставените цели, Македонија да биде развиена и пристојно место за живеење, каде секој тука ќе ја гради иднината.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ