• среда, 10 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: За хаосот во ЈСП одговорен е директорот од СДС и нивниот коалиционен Данела со која заедно изгубија избори

ВМРО-ДПМНЕ: За хаосот во ЈСП одговорен е директорот од СДС и нивниот коалиционен Данела со која заедно изгубија избори

Скопје, 10 јули 2024 

СДС се единствено одговорни за хаосот во ЈСП. Директорот на ЈСП е нивен партиски активист, тој гордо се слика во нивниот централен штаб.

Данела Арсовска е коалиција на СДС. Тие водеа еден фронт против ВМРО-ДПМНЕ кој беше катастрофално поразен на изминативе избори.

Има уште една работа која ќе ги спојува СДС и Данела Арсовска во иднина. И СДС и партијата на Данела Арсовска за која никој не знае како се вика ќе немаат пратеници во Собранието, затоа што ги уништија и Скопје и Македонија.

И Скопје и Македонија ќе се кренат на нозе, ќе има раст и развој, без Арсовска и без СДС.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива
 

 

Остани поврзан