ВМРО-ДПМНЕ: Законот за верски училишта е направен согласно уставните одредби и е во согласност со важечките законски прописи
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 18 јули 2025
СДС забораваат да кажат дека токму решението за регулирање на статусот на училиштето на Исламската верска заедница, кое го донесе нивниот премиер, Талат Џафери, беше укинато од Уставниот суд поради тоа што го прекршуваше принципот на секуларност на државата.
Новиот закон за верски училишта кој го предлага Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ е изготвен врз основа на уставните одредби, кои предвидуваат верските заедници да можат да основаат училишта, како и согласно сите претходно пристигнати сугестии во надлежното министерство.
Законското решение ги става учениците од овие училишта во еднаква положба, односно се изедначуваат нивните права со правата на останатите ученици во другите училишта. Тоа е суштината, примена на принципот на еднаквост на сите ученици, односно еднаков пристап од образование.
Па така, доколку ученик од средно верско училиште сака да се запише на факултет кој е надвор од областа која ја изучувал во средното образование, наместо училишна, потребно е да одбере државна матура, на која ќе треба да го полага соодветниот предмет, Тоа значи дека треба да се подготви за полагањето, да го совлада материјалот по тој предмет.
Нема ништо противуставно. Едноставно, се нуди решение за долгогодишен предизвик кој учениците од верските училишта ги ставаше во нееднаква положба со сите останати ученици.
СДС не мора да го поддржи предлогот. Тие ниту работеле, ниту ќе работат во интерес на младите и воопшто на граѓаните на Македонија. Нивните лоши политики во образованието и сите други сфери, иселија 17 илјади ученици и 7 илјади студенти во период од 7 години.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Раеакција на прес-конференција на Кристина Костова од СДСМ
_____________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: МИА архива