ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе кандидатурите за советничка листа во ОИК Куманово
- Носителот на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Михајловски и кандидатите за советници од Куманово ги поднесоа кандидатурите до Општинската изборна комисија за претстојните избори закажани за 19 октомври годинава. Михајловски најави дека ќе водат позитивна камапња и истакна дека имаат предност пред останатите советнички листи.
Куманово, 13 септември 2025 (МИА) - Носителот на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Михајловски и кандидатите за советници од Куманово ги поднесоа кандидатурите до Општинската изборна комисија за претстојните избори закажани за 19 октомври годинава. Михајловски најави дека ќе водат позитивна камапња и истакна дека имаат предност пред останатите советнички листи.
-Сметам дека сме во сериозна предност за разлика од останатите затоа што имаме сериозна група на индивидуи-кредибилно изградени луѓе, интегрирани во општеството без никакви недостатоци. Апсолутно сум сигурен дека оваа листа со сигурност ќе победи, не само што ќе победи, туку ќе е мнозинство во Советот, изјави Михајловски.
Во изјавата за медиумите Михајловкси рече дека советничката листа ќе придонесе Куманово да стане поубаво место за живеење, со грижливо донесени одлуки од мнозинството на Советот.
-Околу ветувањата сме многу грижливи, многу внимателно настапуваме. Оваа групација тежнее кон вистински работи. Ќе се стреми да го направи градот поубаво место за живеење и апсолутно сум сигурен дека владеењето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, со овие луѓе ќе остави длабок белег во кумановската општина, изјави Михајловски.
Тој кажа дека ќе понудат реални ветувања, остварливи, во интерес на кумановци, укажувајќи дека за општината доаѓаат подобри времиња. ам/мд/
Фото: МИА