ВМРО-ДПМНЕ: Бујар Османи може да се концентрира на локални теми затоа што пред нас претстојат избори
- Бујар Османи може да се концентрира на локалните теми како хигиената, кучињата скитници, осветлувањето, водовод, канализација затоа што пред нас претстојат локални избори, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува целосно.
7 септември 2025
Бујар Османи може да се концентрира на локалните теми како хигиената, кучињата скитници, осветлувањето, водовод, канализација затоа што пред нас претстојат локални избори, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува целосно.
Високата политика нека ја остави зад себе, затоа што го видовме што и колку сработи во тој поглед.
Преговараше со Бугарија и ги распродаваше државните национални интереси и идентитетските обележја на македонскиот народ.
Прифати и потпиша договори кои создаваат обврски само за Македонија, а на Бугарија му даваат можност да ја блокира државата на секој чекор од евроинтегративниот процес.
Како поранешен министер за надворешни работи, Османи не направи ама баш ништо за евроинтегративниот процес, освен што правеше селфи во авионот со Заев лажејќи ја македонската јавност дека ги отвориле преговорите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ