• сабота, 20 декември 2025

ВЛЕН: Историска инвестиција од 6,74 милиони долари за заштита на животната средина, започнува конкретна акција за иднината

ВЛЕН: Историска инвестиција од 6,74 милиони долари за заштита на животната средина, започнува конкретна акција за иднината

18 јуни 2025

Климатските промени не чекаат. Земјиштата се деградираат, шумите исчезнуваат, биодиверзитетот е во опасност. Соочен со овие предизвици, ВЛЕН не седи со скрстени раце.

За прв пат, Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од Изет Меџити, успеа да обезбеди нов договор за соработка со УНДП, во рамките на 8-та фаза од проектите на GEF, со вкупен буџет од 6,74 милиони американски долари.

Овој фонд наменет за животната средина е поделен на: 1 милион долари за управување со влијанијата од климатските промени, 3 милиони долари за заштита на биодиверзитетот, 2,74 милиони долари за санација на оштетените земјишта и запирање на уништувањето на шумите.

Со овој договор,ВЛЕН покажува дека кога постои политичка волја и јасна визија, ветувањата се трансформираат во конкретни проекти, а плановите во опипливи резултати. УНДП останува сигурен и долгорочен партнер во оваа заедничка мисија. Но, пред сè, нашата посветеност како институции е таа што прави разлика.

Времето за дејствување не е утре. Денес е. ВЛЕН избра да биде дел од решението, со работа, со идеи и со резултати што зборуваат сами за себе.

ВЛЕН

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан