• петок, 22 ноември 2024

Властите во САД запреа шема за препродажба на маски по многу повисоки цени

Властите во САД запреа шема за препродажба на маски по многу повисоки цени

Вашингтон, 29 април 2020 (МИА) - Федералниот суд покрена обвинение за корупција против две лица за наводен обид да препродадат еден милион маски за најмалку двојно повисока цена од реалната.

Против осомничените Кент Булок и Вилијам Јанг, синоќа беше покренато обвинение во Источниот округ на Њујорк во Бруклин, јави Гласот на Америка.

Претседателот Доналд Трамп издаде извршна наредба на 18 март со која се прогласува за нелегално купување на медицински материјали кои недостигаат и нивно складирање или препродавање по многу зголемени цени.

-Според обвинението, тие планирале да остварат огромна добивка од итната потреба од хируршки маски во Њујорк за време на пандемијата, изјави адвокатот Ричард Доногју.

Булок и Јанг барале инвеститори во шема да купат респираторни маски наменети за медицински професионалци и да ги продадат за двојно или тројно повисока цена. Тие, наводно, се обиделе да ја сокријат својата огромна цена, со изготвување договор во кој ветувале дека продажната цена нема да надмине 10 отсто. Еден од потенцијалните инвеститори бил прикриен агент на ФБИ.

Уште едно лице од Њујорк исто така се соочува со федерални обвиненија.

Амардеп Синг од Лонг Ајленд е под обвинение за складирање на тони маски, хируршки наметки и средства за дезинфекција за да може да ги продаде во својата продавница по многу повисоки цени.

Синг е осомничен дека продавал маски за лице по еден американски долари што ги купил по седум центи. Тој, исто така, наводно им наплаќал на клиентите 25 американски долари за шишиња за дезинфекција на раце, по речиси 200 отсто повисока цена од таа што ја платил за нив. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан