• четврток, 21 ноември 2024

Властите во Бангладеш ги затворија универзитетите по протестите во кои загинаа шест лица

Властите во Бангладеш ги затворија универзитетите по протестите во кои загинаа шест лица

Дака, 17 јули 2024 (МИА) - Властите во Бангладеш денеска наредија затворање на сите универзитети во земјата, откако шест лица беа убиени во неодамнешните насилни антивладини протести.

Властите побараа од сите државни и приватни универзитети да ја прекинат наставата и да се испразнат студентските домови до понатамошно известување, со цел да се заштитат студентите.

Универзитетите во земјава имаат автономија и барањето немаше правна сила.
Некои универзитети, сепак, брзо ја исполнија одлуката, но други, вклучително и најголемите, допрва треба да одлучат.

Властите соопштија дека најмалку шест лица биле убиени вчера во насилство ширум земјата кога студентските демонстранти се судриле со провладините студентски активисти и полицијата. Насилството било концентрирано најмногу околу главниот град Дака, како и градовите на северот и југоисточниот дел на земјата. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан