• сабота, 23 ноември 2024

Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на св. Климент Охридски во Скопје

Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на св. Климент Охридски во Скопје

Скопје, 8 декември 2023 (МИА) - Владина делегација предводна од премиерот Димитар Ковачевски положи цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски на платото на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Во состав на делегацијата беа Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда, и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски.

Цвеќе пред споменикот положија и делегации од Собранието на Република Северна Македонија, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, од Армијата на Република Северна Македонија, од Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија, претставници од дипломатски кор, од парламентарни политички партии и здруженија на граѓани.

Оддавањето почит пред споменикот на светителот му претходи на свечениот настан по повод државниот празник што му е посветен, кој ќе се одржи во библиотеката со обраќање на премиерот Ковачевски. хс/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан