• понеделник, 25 ноември 2024

Владејачката ПАП повторно победи на парламентарните избори во Сингапур

Владејачката ПАП повторно победи на парламентарните избори во Сингапур
Сингапур, 11 јули 2020 (МИА) - Партијата за народна акција (ПАП), кој во Сингапуир е на власт од 1965 година победи на вчерашните парламентарни избори, но опозицијата освои досега рекорден број гласови. ПАП освои 83 од вкупно 93 пратенички места во Парламентот,  а другите мандати и припаднаат на опозициската Работничка партија. Тоа е најголем број на опозициски пратеници во историјата. За ПАП гасаа 61 отсто од граѓаните. Победата на владејачката партија беше очекувана, а премиерот Ли Хсијен Ланг останува на функцијата. Ли е син на основачот на градот-држава Ли Куан Јева. Ли најави дека ова е негов последен мандат  и оти потоа ќе се повлече од политиката. Изборите се одржаа со почитување на строгите мерки воведени поради пандемијата со новиот коронавирус. Сингапур е една од најпогодените земји во азиско-пацифичкиот регион, со над 45.000 инфицирани лица. ми/

Остани поврзан