• четврток, 26 декември 2024

Владата на Филипини ќе ја почитува одлуката на Дутерте да се предаде на Меѓународниот кривичен суд

Владата на Филипини ќе ја почитува одлуката на Дутерте да се предаде на Меѓународниот кривичен суд

Манила, 13 ноември 2024 (МИА) – Доколку поранешниот претседател Родриго Дутерте сака да се изјасни за виновен под јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд, владата нема да се спротивстави ниту да преземе какви било дејствија спротивно на неговите желби, изјави шефот на кабинет на претседателот на Филипини, Лукас Берсамин.

Дутерте претходно побара Меѓународниот кривичен суд да ја истражи неговата кампања против дрогата. Тој наведе дека е подготвен да „оди во затвор и таму засекогаш да изгние“ доколку биде прогласен за виновен.

- Доколку Меѓународниот кривичен суд го упати процесот до Интерпол, кој потоа би можел да издаде црвена потерница до филипинските власти, Владата ќе го разгледа барањето, а националните агенции за спроведување на законот должни се да соработуваат со Интерпол според воспоставените протоколи, наведе Берсамин.

Според владините податоци, од јуни 2016 година до ноември 2021 година, повеќе од 6.200 осомничени дилери и корисници на дрога биле убиени во операции против дрога за време на администрацијата на Дутерте. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан