• петок, 05 декември 2025

Владата на Жељазков го преживеа денешното гласање доверба во бугарскиот Парламент 

Владата на Жељазков го преживеа денешното гласање доверба во бугарскиот Парламент 

Софија, 3 април 2025 (МИА) - Бугарската влада на чело со Росен Жељазков го преживеа денешното гласање доверба, иницирано во врска со нејзиното водење на надворешната политика, јавуваат бугарските медиуми.

Барањето за гласање недоверба, иницирано од партијата „Преродба“, а поддржано од членовите на „Величина“ и „Морал, единство, чест“ (МЕЧ), не успеа да го обезбеди потребното мнозинство, пренесува Новините.

За предлогот за недоверба на Владата гласаа 54 пратеници, против беа 150, а немаше ниту еден воздржан пратеник.

Многу политичари, вклучително и оние од владејачката партија и главната опозициска партија Промените продолжуваат - Демократска Бугарија (ПП-ДБ), тврдеа дека гласањето е неоправдано.

Наведоа дека владата на Жељазко е на власт само два и пол месеци, поради што е прерано да се обвинува за надворешнополитички грешки.

Уште повеќе што проевропската ориентација на владата има широка поддршка од парламентарните партии и бугарската јавност, пренесуваат Новините.

Во предлогот за гласање доверба на Владата, како причини беа наведени надворешнополитичките прашања, особено позицијата на Бугарија за Украина.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан