• среда, 08 мај 2024

Владата ги утврди предлог измени на Законот за спорт за директна државна помош во спортот

Владата ги утврди предлог измени на Законот за спорт за директна државна помош во спортот

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Владата на денешната седница го разгледа и утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спорт, предложен од Министерството за правда.

Предлог измените на Законот за спортот, како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, се однесуваат на обезбедување финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти, коишто имаат решение за вршење дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати, како во домашни рамки така и на меѓународно ниво. дма/бак/

Фото: Влада на РСМ

Остани поврзан