Вкупно 14.921 лице извршиле увид во избирачкиот список
- Вкупно 14.921 лица извршиле увид во избирачкиот список, заклучно со вчера до кога беше рокот за проверка, информираат денеска од Државната изборна комисија.
Скопје, 10 септември 2021 (МИА) - Вкупно 14.921 лица извршиле увид во избирачкиот список, заклучно со вчера до кога беше рокот за проверка, информираат денеска од Државната изборна комисија.
- Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно 14.921 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 281 барања за запишување во избирачкиот список, 99 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 74 барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК.
До Државната изборна комисија, исто така, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 114 барања. аа/са/