• вторник, 30 април 2024

Вкупно 113 болни и изнемоштени од Росоман и Демир Капија ќе гласаат утре, петмина од затвор

Вкупно 113 болни и изнемоштени од Росоман и Демир Капија ќе гласаат утре, петмина од затвор

Росоман, 22 април 2024 (МИА) - Вкупно 113 болни и изнемоштени од Росоман и Демир Капија ќе гласаат утре, петмина од затвор. Сите тие ќе гласаат еден ден пред изборите за претседател на државата, што ќе се одржат во среда, согласно на законот.  

- Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштени лице ќе гласа утре, како и двајца од затвор, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА. 

Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, утре ќе гласаат 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор. Овде има вкупно 3.216 гласачи. свд/са/

Фото: 

Остани поврзан