• недела, 22 декември 2024

Вицепремиерот Меџити се сретна со министерот за човекови и малцински права на Црна Гора Фатмир Ѓека

Вицепремиерот Меџити се сретна со министерот за човекови и малцински права на Црна Гора Фатмир Ѓека

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска се сретна со министерот за човекови и малцински права на Црна Гора Фатмир Ѓека.

На средбата, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити и Ѓека разговараа за односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои ги оценија како одлични во сите области.

- Двајцата соговорници истакнаа дека по членството на двете земји во Северноатлантската алијанса, приоритет на двете влади останува целосната интеграција во Европската Унија, како единствена опција за развој на целиот регион, се вели во соопштението. 

Министерот Ѓека информирал дека Црна Гора успешно го извршила пописот на населението и работи на отворање нови поглавја за членство на земјата во ЕУ, за што е забележано зголемување на поддршката од граѓаните за 20 проценти.

Меџити и Ѓека, како што се наведува, се договорија да ја интензивираат комуникацијата за да се постигне поголема соработка меѓу двете земји, со акцент на проектите поврзани со еколошките предизвици. мд/дма/

Фото: МЖСПП 

 

Остани поврзан