„Виорот на Анадолија“ – омаж на турското музичко наследство во џез руво
- Омаж на турската традиционална музика видена во ново џез руво се случи синоќа на премиерната изведба на концертот „Виорот на Анадолија“, во Националната опера и балет во Скопје. Концертот го организираше Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје и е прв од 11-те што ги опфаќа оваа турнеја.
Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - Омаж на турската традиционална музика видена во ново џез руво се случи синоќа на премиерната изведба на концертот „Виорот на Анадолија“, во Националната опера и балет во Скопје.
Концертот го организираше Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје и е прв од 11-те што ги опфаќа оваа турнеја.
Час и половина патување низ звуците на музичкото културно наследство на богатата турска култура во преполната сала на НОБ, низ дваесетина песни со нов аранжман, концертот го предводеа саксафонистот Анил Шалиел и Мареечи Асу, кој свиреше на инструментот деф. Тие на свој начин, заедно со седумтемина музичари на сцена го оживеаја духот на уметниците Ашик Вејсел и Зеки Мурен. Публиката со овации и аплаузи ги награди, а посебен беше настапот и на Асу во неговите соло изведби. Тој интерпретираше и стихови од големите поети Јунус Емре и Мевљана.
Специјална гостинка беше пејачката Елена Христова, која изведе три песни.
Вечер музичарите ќе настапат во Центарот за култура во Гостивар во 19 часот./
Фото: Турскиот културен центар „Јунус Емре“