Виолината на народниот херој Стив Наумов од денеска во битолскиот Музеј
- Виолината на народниот херој Стив Наумов, на која како гимназијалец свирел во своето слободно време, од денеска е во НУ Завод и Музеј-Битола.
Битола, 9 октомври 2024 (МИА) - Виолината на народниот херој Стив Наумов, на која како гимназијалец свирел во своето слободно време, од денеска е во НУ Завод и Музеј-Битола.
Од националнаta установа соопштија дека по примопредавањето на виолината од Стефан Бошков, внук на народниот херој Стив на директорот на битолскиот Музеј, Зоран Николовски, виолината ќе биде заштитена и јавно изложена во обновената Спомен куќа на Стив Наумов што се наоѓа во непосредна близина на истоименото основно училиште во Битола.мт/
Фото: НУ Завод и Музеј-Битола