• петок, 26 април 2024

Вимблдон дозволи настап на руски и белоруски тенисери

Вимблдон дозволи настап на руски и белоруски тенисери

Лондон, 1 април 2023 (МИА) – По едногодишна забрана која беше воведена поради војната во Украина, тенисерите од Русија и Белорусија ќе можат ова лето да настап на грен – слем турнирот во Вимблдон, одлучија организаторите.

Раководството на турнирот лани еднострано одлучи да им забрани настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки.

„Го прифаќаме доаѓањето на тенисери и тенисерки од Русија и Белорусија. Тие ќе се натпреваруваат како неутрални спортисти без какви и да е национални обележја. Исто така забрането ќе биде какво и да е изразување поддршка на инвазијата која Русија ја спроведува врз Украина“, соопштија организаторите на Вимблдон.

Во соопштението се прецизира дека ниту еден тенисер од овие две земји не смее да има спонзор поврзан на кој било начин со раководствата на Русија и Белорусија. ег/сд/

Остани поврзан