• петок, 27 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вилнус објави план за евакуација во случај на војна: „Мораме да бидеме подготвени“

Вилнус објави план за евакуација во случај на војна: „Мораме да бидеме подготвени“

Вилнус, 23 април 2025 (МИА) - Главниот град на Литванија, Вилнус, претстави официјален план за евакуација во случај на воен конфликт.

Литванските власти истакнаа дека земјата мора да биде подготвена за најлошото сценарио, имајќи ја предвид загриженоста дека Русија би можела да ја нападне и нивната територија по инвазијата врз Украина.

Литванија, која е членка на НАТО и Европската Унија, е една од најгласните поддржувачи на Киев. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, значително ги зголеми буџетот за одбрана и бројот на воени вежби. ссм/

фото: архива

Остани поврзан