Вилијамс има болки во препоните, го пропушта мечот со Реал Мадрид
- Ѕвездата на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс нема да настапи против Реал Мадрид поради повреда.

Мадрид, 20 апрл 2025 (МИА) - Ѕвездата на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс нема да настапи против Реал Мадрид поради повреда.
Баскиското крило поради болки во препоните не отпатува во шпанската престолнина на натпреварот од 32.коло на Ла Лига, објави веб-страницата на баскискиот клуб.
Вилијамс постигна гол во последните два меча - против Ренџерс (2:0) во Лига Европа и Рајо Ваљекано (3:1) во првенството.
На 42 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања има 11 голови и 7 асистенции. дс
Фото: Архива