• петок, 22 ноември 2024

Виктор Орбан му честиташе на Путин за победата на изборите

Виктор Орбан му честиташе на Путин за победата на изборите

Будимпешта, 21 март 2024 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој остана близок со Москва по руската инвазија врз Украина, денеска упати честитка до рускиот претседател Владимир Путин за неговата победа на изборите, на кои освои повеќе од 87 отсто од гласовите.

- По официјалните резултати од изборите, премиерот Виктор Орбан му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор, истакнувајќи дека соработката меѓу Унгарија и Русија, заснована на взаемно почитување, овозможува важни дискусии дури и во предизвикувачки геополитички контексти. Премиерот Орбан ја потврди посветеноста на Унгарија за мир и подготвеноста за интензивирање на соработката во секторите кои не се ограничени со меѓународното право, подвлекувајќи ја важноста на дијалогот за поттикнување на мирните односи, напиша портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Х. јт/

Повеќе:  Руската ЦИК ги објави конечните резултати од претседателските избори

Остани поврзан