• четврток, 14 ноември 2024

Викторија и Дејвид Бекам преживеале кражба додека биле дома

Викторија и Дејвид Бекам преживеале кражба додека биле дома
Лондон, 31 март 2022 (МИА) - Предмети во вредност од илјадници фунти се украдени во упад во луксузниот дом на Викторија и Дејвид Бекам во западен Лондон, објавија британските медиуми. Се верува дека кражбата во Кенсингтон се случила доцна навечер кон крајот на февруари додека Бекамови биле во неа со нивната 10-годишна ќерка. Веста е објавена денеска. Според „Сан“, кражбата била откриена кога синот на познатата двојка, Круз Бекам (17) се вратил дома од ноќно излегување и видел скршен прозорец и ограбената соба. Лондонската полиција ги потврди наводите за кражбата.  си/ми/

Остани поврзан