• понеделник, 23 декември 2024

Видал одби компензација за да го забрза трансферто кон Интер

Видал одби компензација за да го забрза трансферто кон Интер
Барселона, 13 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска Артуро Видал одби обештетување од 6,5 милиони евра за предвремено раскинување на договорот со Барселона. Чилеанецот се обидува да го забрза преминувањето во Интер, пренесува Тутоспорт. Претходно беше објавено дека Видал се договорил за личен договор со миланскиот клуб. Годишната плата на Чилеанецот ќе изнесува шест милиони евра + бонуси, договорот ќе важи до 2022 година со можност за продолжување на уште една година. Артуро Видал (33) игра за Барселона од 2018 година. Минатата сезона тој одигра 43 натпревари за Каталонците, постигнувајќи осум погодоци. зс/

Остани поврзан