• петок, 12 јули 2024

Виганд: ЕУ е охрабрена од најавата на Австрија за деболкада на членство на Бугарија и Романија во Шенген зоната

Виганд: ЕУ е охрабрена од најавата на Австрија за деболкада на членство на Бугарија и Романија во Шенген зоната

Брисел, 11 декември 2023 (МИА) – Европската унија е охрабрена од позитивниот развој на настаните во однос на најавата за австриската деболкада на членство на Бугарија и Романија во Шенген зоната и разговорите на оваа тема продолжуваат, изјави денеска портпаролот на ЕК за правда, еднаквост и владеење на правото Кристијан Виганд.

Во однос на барањата на Австрија како услов за укинување на блокадата за тројно зголемување на бројот на припадници на граничната полиција на бугарско-турската граница и за зајакнување на контолата на ромнаско-српската граница, Виганд посочи дека заштитата на надворешните граници на ЕУ е врвен приоритет на Европската комисија и е подготвена да обезбеди финансиски средства за зајакната гранична контрола и за обезбедување на поддршка од Фронтекс доколку е потребно.

- Ставот на Европската комисија е дека Бугарија и Романија се продготвени за членство во Шенген зоната, додаде Виганд. сп/

Фото: МИА Архив

Остани поврзан