• понеделник, 04 ноември 2024

Вечер во Гевгелија почнуваат чествувањата за Денот на ослободувањето

Вечер во Гевгелија почнуваат чествувањата за Денот на ослободувањето

Гевгелија, 4 номеври 2024 (МИА) - Вечер во Гевгелија почнуваат осумдневните чествувања по повод 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија.

Имено, во Народниот театар - Гевгелија, ќе биде отворена Изложбата проследена со концерт „Без вретено, песна исткаена“, во организација на Етнокореолошкиот оддел при Домот на културата „Македонија“- Гевгелија.

Како што информираат од Општината, настанот е концепиран во два дела. Првиот е изложба на плетива и ткаеници, како и делови од традиционалната облековна култура - народните носии. Во вториот дел ќе се претстават студенти од Одделот за етнокореологија на Музичката академија при УГД - Штип со концерт на традиционални вокално - инструментални изведби од повеќе етнички предели. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан