• понеделник, 22 април 2024

Вест Хем ја победи Фиорентина и ја освои Конференциската лига

Вест Хем ја победи Фиорентина и ја освои Конференциската лига

Прага, 7 јуни 2023 (МИА) - Вест Хем вечерва во Прага ја победи Фиорентина со 2:1 во финалето на Конференциската лига на УЕФА.

 

Победата на лондонци им ја донесоа погодоците на Саид Бенрам, кој реализираше пенал во 62. минута и Џерод Боуен, кој погоди во финишот на натпреварот (90. мин.) Стрелец на единствениот гол за италијанскиот тим беше Џакомо Бонавентура во 67. минута.

 

Ова е прв трофеј за „чеканите“ од 1980 година кога тимот го освои ФА Купот.

 

Италијанските екипи остануваат без трофеј и во второто финале сезонава. Во финалето на Лига Европа, Рома загуби на пенали од Севилја.

 

Шанса италијанскиот фудбал да освои европски трофеј годинава останува на 10 јуни з акога е закажано финалето на Лигата на шампионите во кое Интер ќе се соочи со Манчестер сити. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан