• понеделник, 13 мај 2024

Вест Хем нуди 18 милиони евра за Закарија, Јувентус бара 25

Вест Хем нуди 18 милиони евра за Закарија, Јувентус бара 25

Торино, 6 јули 2023 (МИА) - Играчот од средниот ред на Јувентус, Денис Закарија би можел да се пресели во Вест Хем.

 

Лондончани во блиска иднина би требало да понудат околу 18 милиони евра за 26-годишниот швајцарски репрезентативец, додека клубот од Торино бара 25 милиони. Според новинарот Џанлука Ди Марцио  страните најверојатно ќе дојдат до компромис следната недела.

 

Јувентус има намера да ги потроши приходите за трансферот на фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

 

Закарија минатата сезона ја мина на позајмица во Челзи, постигнувајќи еден гол на 11 натпревари во сите натпреварувања. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан