• вторник, 16 јули 2024

Вестбрук постави рекорд во НБА-лигата со најмногу трипл-дабл

Вестбрук постави рекорд во НБА-лигата со најмногу трипл-дабл
Вашингтон, 11 мај 2021 (МИА) – Кошаркарот на Вашингтон, Расел Вестбрук, постави рекорд во историјата на НБА-лигата за најмногу трипл-дабл. Ноќеска на мечот со Атланта (124:125), тој го забележа 182-то издание во неговата кариера со двоцифрен ефект во три статистички категории, остварувајќи 20 поени, 13 скока и 21 асистенција. Вестбрук ги надмина 181-от трипл-дабл на Оскар Робертсон од 1974 година. Триесет и двегодишниот Вестбрук оваа сезона просечно бележи 22 поена, 11,6 скока и 11,6 асистенции по натпревар. зс/

Остани поврзан