• вторник, 05 ноември 2024

Верешчук: Евакуирани над 140.000 цивили

Верешчук: Евакуирани над 140.000 цивили
Киев, 13 март 2022 (МИА) - Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека преку хуманитарните коридори евакуирани се повеќе од 140.000 цивили од конфликтните зони во земјата. Таа истакна дека денеска се евакуирани неколку илјади луѓе од градовите во регионот на Киев, а околу 5.000 луѓе од источниот регион Луганск. Верешчук наведе дека хуманитарниот конвој уште еднаш не успеал да стигне до опколениот пристанишен град Мариупол поради руското гранатирање. Претходно, Градскиот совет на Мариупол соопшти дека во изминатите 24 часа градот бил бомбардиран 22 пати и оти се фрлени над 100 бомби. Од почетокот на руската агресија на 24 февруари загинаа 2.187 жители на Мариупол. - Луѓето страдаат 12 дена. Во градот нема струја, вода, парно. Скоро и да нема мобилна комуникација. Се трошат последните резерви на храна и вода, се предупредува во соопштениет објавено на интернет-страницата на Градскиот совет на Мариупол. ми/

Остани поврзан