• сабота, 21 декември 2024

Венецуела покренува истрага против одговорните за објавување на резултатите од изборите кои ги собра опозицијата

Венецуела покренува истрага против одговорните за објавување на резултатите од изборите кои ги собра опозицијата

Каракас, 8 август 2024 (МИА) - Главниот обвинител на Венецуела, Тарек Саб изјави дека ќе отвори кривична истрага против лицата кои на Интернет ги објавија резултатите од претседателските избори во таа земја одржани на 28 јули, а кои ги собра опозицијата, а кои ги спорат официјалните резултати од изборите објавени од Државната изборна комисија.

Саб синоќа рече дека е одлучено да се покрене кривична истрага против одговорните за објавување на резултатите собрани од опозицијата и за одржување на веб-страницата на која се објавени тие резултати.

Обвинителот изјави дека одговорните ќе одговараат за фалсификување на јавни исправи и за заговор.

Претседателските избори во Венецуела се одржаа на 28 јули, а победата ја прогласија актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро и кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалес, чија победа ја признаа САД. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан