• среда, 19 јуни 2024

Велосипедска трка Тетово-Попова Шапка в недела во организација на Феникс сајклинг тим

Велосипедска трка Тетово-Попова Шапка в недела во организација на Феникс сајклинг тим

Тетово, 13 септември 2023 (МИА) - Клубот Феникс сајклинг тим -Тетово в недела ќе организира велосипедска трка од градот до скијачкиот центар Попова Шапка, насловена „Шар куп 2023“.

Ова ќе биде премиерно издание на „Шар куп“ во организација на тетовскиот велосипедски клубот формиран во 2021 година.

- Почетокот на трката до Попова Шапка в недела е закажан за во 10 часот од пред Центарот за култура во Тетово. Пријавувањето е на интернет страницата на клубот, за професионално ниво како и за категорија хоби. Броевите ќе може да се подигнат во недела пред трката во периодот од 08:30 до 09:30 часот на стартната позиција, информираат од клубот.

Минатиот ноември велосипедскиот клуб Феникс организираше кружна трка од градскиот плоштад во Тетово до излезот кон Скопје и назад. ас/ег/

Фото: МИА

Остани поврзан