• петок, 22 ноември 2024

Велковски: Залудно е да зборуваме за покачувања на плати, пензии и социјални надоместоци, кога секојдневните трошоци пораснаа двојно

Велковски: Залудно е да зборуваме за покачувања на плати, пензии и социјални надоместоци, кога секојдневните трошоци пораснаа двојно

Скопје, 10 февруари 2024 - По 8ми мај новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе ги извлече граѓаните од сиромаштијата во која западнаа во изминатите 7 години поради негрижата на оние кои раководеа со инстиуциите на системот и се фокусираа само на лично богатење, наместо да се заложат да обезбедат подобар животен стандард како што  ветуваа пред да дојдат на власт. 

Хасим живее под кирија заедно со неговата сопруга која е глувонемо лице и со која чекаат принова, под исти кров е и неговата сестра. Имаат на располагање само по 100 денари дневно за да се прехранат. Луѓето се заборавени од страна на институциите и со солзи во очите раскажуваат за тешкиот живот. Ветив дека сè ќе сторам да имаат пристап до правото на здравствена заштита и надоместок за попреченост согласно законските можности. Распадната семејна куќа со помош на донации ќе биде приспособена за нормално функционирање, за да не плаќаат кирија и понатаму.

За жал, бедата и сиромаштијата ги покосија сите граѓани, независно на етничката припадност. 

Залудно е да зборуваме дали во изминатите седум години имало некакви покачувања на плати, пензии, социјални надоместоци и така натаму, кога секојдневните трошоци на луѓето пораснаа двојно. Промени мора да се случат, бидејќи животот кој го ветуваше СДСМ стана неподнослив.

Кабинет на министер
Министерство за труд и социјална политика

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан