• недела, 12 мај 2024

Велика Британија се стреми кон намалување на легалната миграција

Велика Британија се стреми кон намалување на легалната миграција

Лондон, 23 ноември 2023 (МИА) - Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека британската влада е „целосно посветена на намалување на легалната миграција“, откако нето-миграцијата, или разликата меѓу бројот на имигранти и емигранти, достигна 672.000 луѓе од јуни 2022 година до крајот на јуни 2023 година.

„Мораме да го намалиме нашиот вкупен број со елиминирање на злоупотребата и експлоатацијата на нашиот визен систем од страна на бизнисите и поединците“, рече Клеверли.

„Владата работи на понатамошни мерки за спречување на експлоатација и манипулација со нашиот визен систем, вклучително и против оние кои ја користат флексибилноста на имиграцискиот систем.

Рекордна нето миграција во Обединетото Кралство во 2022 година е повисока од очекуваната и изнесува 745.000 луѓе, според ревидираните бројки на Британската канцеларија за национална статистика објавени денеска. Во периодот од јуни 2022 до јуни 2023 година, нето миграцијата е 672.000 луѓе. ссм/

фото: архива

Остани поврзан