Велигденско украсување во Делчево
- Во пресрет на велигденските празници во Делчево е украсено централното градско подрачје со велигденски декорации и реквизити. Како што информираат од Јавното комунално претпријатие, велигденски декорации се поставени на тревнати површини на повеќе локации на градот.

Делчево, 12 април 2023 (МИА) - Во пресрет на велигденските празници во Делчево е украсено централното градско подрачје со велигденски декорации и реквизити. Како што информираат од Јавното комунално претпријатие, велигденски декорации се поставени на тревнати површини на повеќе локации на градот.
-Велигденски е украсен просторот кај Стопанска банка, црквата „Св.Кирил и Методиј“ и кај споменикот на Гоце Делчев кај семафорите. Освен, поставување на декорациите, се врши и одржување на тревните површини, информираа од ЈКП „Брегалница".

Воедно, екипите на претпријатието деновиве извршија култивирање на новата парковска површина околу новиот градски пазар.
-На оваа површина од 3000 м2 беше засеана парковска трева. Оваа активност придонесува за оплеменување на просторот околу новиот градски пазар, каде се предвидуваат и други хортикултурни содржини, додадоа од претпријатието.
Велигденските празнувања во Делчево започнуваат утре со традиционалната Велигденска изложба на творби.вс/бт/
Фото: МИА