• среда, 18 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велигденски ручек за семејства од социјален ризик во Кисела Вода

Велигденски ручек за семејства од социјален ризик во Кисела Вода

Скопје, 20 април 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со хуманитарната организација „Св. Спас“, предводена од отец Оливер организираа Велигденски ручек за сограѓаните од социјален ризик. 

- Велигден е празник над празниците, на победата на животот над смртта, ден на благослов, благодарност, на подадена рака и најрадосен ден. И бидејќи радоста треба да се сподели со сите, денес поделивме Велигденски ручек за нашите сограѓани од социјален ризик, а во соработка со хуманитарната организација „Св. Спас” и нејзиниот предводник - мојот драг пријател отец Оливер, како и дел од мојот тим, изјавил Ѓорѓиевски. бак/

Фото: Општина Кисела вода

Остани поврзан