• четврток, 15 август 2024

Велешките пожарникари изгаснале пожар кај село Грнчиште и спречиле да биде зафатена боровата шума

Велешките пожарникари изгаснале пожар кај село Грнчиште и спречиле да биде зафатена боровата шума

Велес,15 август 2024 (МИА) - Велешките пожарникари од ТППЕ вчера попладне изгаснале пожар на сува трева во развиена фаза под село Грнчиште и покрај силниот ветар спречиле пламенот да ја зафати блиската борова шума,информираат денеска за МИА од ТППЕ Велес. Од мештаните има сомнение дека пожарот е подметнат бидејќи од местото на настанот забележале возило како се оддалечува.

Од ТППЕ Велес  интервенирале со едно противпожарно возило и четворица пожарникари спасители. Во гаснењето на пожарот дополнително било ангажирано уште едно противпожарно возило со  тројца  пожарникари спасители.

-Со брза интервенција пожарот беше ставен под контрола и целосно изгаснат, потенцираат од  ТППЕ Велес.

Од ТППЕ Велес  апелираат до граѓаните ако забележат пожар веднаш да информираат на  бесплатниот телефонски број 112 или на 193.ад/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан