• петок, 26 јули 2024

Велешкиот Црвен крст обучи 37 млади кои ќе се вклучат во шест мали проекти за помош на разни категирии на социјално-ранливи граѓани

Велешкиот Црвен крст обучи 37 млади кои ќе се вклучат во шест мали проекти за помош на разни категирии на социјално-ранливи  граѓани

Велес, 21 февруари 2024 (МИА) - Преку три обуки кои, од кои последната беше денеска, Општинската организација на Црвен крст  од Велес обучи 37 млади основци и средношколци  за изработка и документирање на мали проекти кои ќе придонесуваат за доброто на заедницата. Како што информира за МИА, Орце Николов секретар на ООК Велес, тие наредната недела треба одредат  шест целни групи на граѓани како социјално загрозени, стари и други лица, со кои младите волонтери ќе работат во рамките на своите проекти за помош на социјално ранливи и други категории граѓани.

Овие обуки се во рамки на програмата насловена „Црвен крст во акција промоција на хумани вредности“ за 2024 година.
Николов  појасни дека  обучените ученици се од разни националности, а преку овој проект воедно ќе се работи и на нивно запознавање и дружење со цел кај нив потикнување  на хуманите вредности  за иницирање на нивни заеднички активности помош на заедницата, вели Николов.

-Новите волонтери веќе се поделени во шест групи и во наредната недела ќе работат на формирањето на шест целни групи,  од кои понатаму ќе  работат на изработка на шест мали проекти. Тие ќе бидат помогнати од локалниот дисеминатор Сара Јовчевска, некогаш учесник, а сега прва година одговорна за реализацијата на ПХВ Програмата во Општинската организација на Црвен крст од Велес, најави Николов.

Тој информира  дека изработката на проектите ќе се изведува до почеток на месец мај, а во тој период учениците  ќе бидат испратени кај стручна комисија која треба да ги оцени.ад/са/

Фото: Црвен крст Велес

Остани поврзан