• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велешани претстојното лето ќе имаат доволни количества на вода за пиење од ХС „Лисиче“

Велешани претстојното лето ќе имаат доволни количества на вода за пиење од ХС „Лисиче“

Велес,12 мај 2025 (МИА) – Жителите на Велес и околните населени места кои со вода за пиење се снабдуваат преку Хидросистемот„Лисиче“ ќе имаат доволно количества на вода во претстојното лето,но и до крајот на годинава. Моментално максималната кота на езерото „Лисиче“ е 421,01 метри надморска височина, кои пресметано во акумулација се 21 милион 209 илјади и 600 метри кубни метри, а годишните потреби на вода се околу 6 милиони метри кубни вода,информира за МИА, Ване Маневски директорот на ЈПВ „Лисиче“.

Дел од количествата на вода од езерото „Лисиче“ долж цевководот за водоснабдување кој e лоциран во  населените места во Општина Чашка, воедно се искoристува и за наводнување  на земјоделските култури и полињата во овој реон.

Маневски појаснува дека сегашната состојба е блиску максималната кота на водостој на езерото „Лисиче“ а која изнесува 423 метри надморска височина, со вкупна зафатнина од 23 милиони 347 илјади метри кубни.

Маневски потенцира дека за вака поволната состојба со вода во езерото „Лисиче“ кое  е дел од Хидросистемот „Лисиче“ придонеле обилните врнежи од дожд  особено во последниве два месеци однсно поволната хидролошка  состојба на две реки Тополка и Врановска Река од кои се акумулира езерото „Лисиче“  со браната,а преку кое со квалитетна вода за пиење се снабдуваат жителите на Велес и околните населени места.

Инаку водата од езерото „Лисиче “ преу Хидросистемот „Лисиче“ односно цевководот се носи во Филтерстаницата или Фабриката за вода каде прочистена и со проверен квалитет се доставува до сите корисници во Велес и неколку населени места во околината на градот. ад/нд/

Фото: ЈПВ „Лисиче“

Тагови

Остани поврзан