• четврток, 04 декември 2025

Агенција за филм: Снимањето на новата турско-македонска серија „Моето име е Ајламаз“ се реализира во Истанбул, Скопје и Валандово

Агенција за филм: Снимањето на новата турско-македонска серија „Моето име е Ајламаз“ се реализира во Истанбул, Скопје и Валандово

Скопје, 24 август 2025 (МИА) - Агенцијата за филм информира дека е дел од интернационалниот проект „Моето име е Ајламаз“, нова серија во продукција на NS Продукција за дигиталната платформа Tabii на TRT, под режија на познатиот турски режисер Мустафа Котан, чие снимање се реализира во Истанбул, Скопје и селото Башибос во Валандово, што, како што велат, симболично ја зацврстува културната и продукциската соработка меѓу Македонија и Турција. 

Во актерската екипа настапуваат Јамур Танрисевсинлер, Сузан Кардеш, Филиз Ахмет и Игор Рангелов, чија интернационална комбинација дополнително ја збогатува серијата и го потврдува духот на копродукцијата. 

-На покана на продукцијата, на сетот во Истанбул присуствуваше советникот на директорот на Агенцијата за филм, Стефан Ѓиноски, чија посета претставуваше значајна промоција на потенцијалите и условите кои Северна Македонија ги нуди за снимање странски продукции. Со ова присуство, уште еднаш се потврдува заложбата на Агенцијата за филм да ја позиционира земјата како атрактивна и конкурентна филмска дестинација во регионот, отворена за интернационални копродукции и партнерства, се наведува во соопштението од Агенција за филм. 

Агенцијата за филм, информира дека ќе продолжи активно ја гради и промовира Република Северна Македонија како атрактивна и стратешка дестинација за меѓународни филмски продукции, отворајќи нови можности за креативна и економска соработка. аа/

Фото: Агенција за филм на РСМ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан