• петок, 29 ноември 2024

Велешанецот Велибор Манев спроведен во Кривичниот суд во Скопје

Велешанецот Велибор Манев спроведен во Кривичниот суд во Скопје

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Велешанецот Велибор Манев, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, вечерва е спроведен во Кривичниот суд во Скопје. 

Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно. 

Вања беше пријавена за исчезната во понелденикот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на Скопје. 

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“.

Обвинителството потврди дека на распит е и таткото на девојчето. 

Повеќе информации се најавуваат за утре кога е закажана прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски. 

Дел од медиумите вечерва, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него. бак/

Фото: МИА  

 

Остани поврзан