• четврток, 25 јули 2024

Вања жртва на обид за изнуда на пари, првоосомничениот во бегство, надлежните најавуваат најтешки казни

Вања жртва на обид за изнуда на пари, првоосомничениот во бегство, надлежните најавуваат најтешки казни

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) – Една „прометна жртва“ на 74 годишна возраст и петмина осомничени за „грабнување“ и „убиство“ се првичните детали од предистрагата на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје во врска со исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска која вчера беше пронајдена мртва во околината на Скопје.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и главниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, на денешната прес-конференција во OЈО Скопје, соопштија дел од деталите од досегашната предистрага во врска со исчезнувањето на Вања кое беше пријавено на 27 ноември годинава.

Според нивните сознанија, добиени од исказите од тројцата осомничени кои во моментов се во притвор, двете убиства ги поврзува еден извршител кому тие му помогнале во извршувањата на делото. Во 48 часовен притвор за злосторството, додека не се обезбедат дополнителни докази во моментов се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски - Палчо, кој е во бегство и надвор од државата. Според изјавите на надлежните првоосомничениот информациите за движењето на Вања дента кога е киднапирана од влезот на зградата во која живеела, ги добил претходно од нејзиниот татко.

null

Мотивот за убиствата, како што посочија, е користољубие, кое, според нив, поради паника завршува со ликвидација на малолетната Вања.

Првичните сознанија на полицијата и обвинителството е дека групата сакала да изнуди пари од мајката на Вања, меѓутоа, до тоа не дошло. Ситуацијата, како што посочи обвинителот Бубевски, излегла од контрола кога мајката го пријавила исчезнувањето на својата ќерка и набрзо потоа целата јавност беше крената на нозе во врска со нејзиното исчезнување. Спасовски појасни дека на денот кога се случило грабнувањето имало две пријавувања, првото од мајката во 8:30, а во 11:00 часот исчезнувањето во полициската станица Центар го пријавил и таткото. По првата пријава веднаш се преземаат активности, а во Велес полицијата презема активности за случајот со исчезнувањето на 74-годишниот Панче.

- Имаме искази за тоа излегување од контрола на лицата кои што го признаваат ова дејствие и во полицијата, но и пред јавен обвинител. Нивните укажувања се во таа насока дека со оглед дека веќе имале некаква паника заради тоа што јавноста веќе била во тој момент целосно ангажирана во барањето на детето и едниот од нив решил во тој момент дека парите ќе ги барат подоцна, откако ќе помине целата ситуација и затоа решава во тој момент тоа дете да го ликвидира, појасни обвинителот.

Покрај овие четворица осомничени, во случајот постои сомневање и за таткото на Вања, за кого тројцата осомничени кажале дека тој му ги дал информациите на првоосомничениот во врска со движењето на неговата ќерка. 

null

Според изјавата на министерот Спасовски, Вања била грабната од влезот на зградата во која живее. Со врзани нозе и раце, во вреќа за спиење, таа била ставена во гепек во возило „цитроен“ кое припаѓало на исчезнатиот велешанец, Панче Жежовски, чие тело МВР исто така го пронашла во текот на вчерашниот ден по признанијата и насоките добиени од тројцата осомничени кои се во притвор, за тоа каде било закопано.

Според обвинителот Гаврил Бубевски, велешанецот е само „прометна жртва“ која била искористена за да се земе неговата кола и да се заврши, како што рече „целокупниот криминален потфат“.

- Мотивот за убиството на Панче имале должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Панче должел 500 евра на еден од осомничените и така е избран како жртва за да се земеме колата за да се изврши грабнувањето. Тоа е она што го имаме како некоја линија зошто е прво извршено грабнувањето и убиството на Панче, да тука се заврши целокупниот криминален потфат, рече Бубевски.

Министерот Спасовски информираше дека од предистрагата дознаваат дека „циторенот“ се движел во Скопје на 27 ноември, заедно со возилото „рено кангу“, до местото на злосторството, каде што е извршено убиството на Вања во атарот на село Бразда, општина Чучер Сандево.

Спасовски и Бубевски беа концизни дека организатор и реализатор на убиството, поточно, како што кажа обвинителот „оној што ги испукал куршумите“ е првоосомничениот, кој е во бегство.

Како што информираше министерот за внатрешни работи Спасовски, лицето е заминато од државата со возило заедно со неговиот адвокат во Белград, а потоа во Бугарија. За него посочија дека ќе биде изготвена меѓународна потерница.

Васко Стојков, адвокат на, Љупчо Палевски - Палчо, кој е првоосомничен за организирањето на киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски изјави дека тој лично го однел Палчо в

Во меѓувреме, Телма излезе со изјава од адвокатот на првоосомничениот, дека адвокатот го пренел во Белград, меѓутоа со сознание дека го носи на преглед.

- Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако ако е сѐ во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата прваше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав – вели адвокатот Васко Стојков за ТВ Телма.

Спасовски вети дека ќе стори, како што рече, „сѐ јас и институцијата, ова лице, или подобро овој монструм, на кое му ја следиме трагата, час поскоро штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата“.

Бубевски: Сторителите на делата ги чека најтешка казна

Бубевски посочи дека заради поврзаноста на едното и другото кривично дело со сторителите кои што се исти и за првото и за второто кривично дело, тоа добива најтешка можна квалификација од Кривичниот законик, и се казнува, како што рече „најтешко што може да се изрече казна во Република Северна Македонија“.

-  Кога ќе излезат наодите од обдукцијата, од сите оние преземени биолошки траги, активности кои се преземени и се докажуваат со соодветни вештачења, во тој момент, можеби денеска, или утре,  МВР ќе излезе со соодветна кривична пријава со сите овие факти, со сите овие докази, и тогаш веќе ЈО ќе отвори истрага која е формална постапка за која можеме и според ЗКП да кажеме повеќе детали, рече обвинителот.

Тој појасни дека мотивот е користољубие при грабнувањето, а потоа, како што рече „чисто убиство“ кое се казнува најстрого.

null

 - Вкупните дејствија се квалификуваат како едно кривично дело убиство од последниот став од кривичниот законик и најтешкото, тука нема веќе дилема што може да се очекува за сторителите на овој грозоморен настан, рече обвинителот

Последниот став за делото убиство од КЗ вели „со затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој кој со умисла ќе лиши од живот две или повеќе лица, за кои претходно не му било судено, освен ако не се работи за кривични дела од член 9 став (3), член 10 став (3) и членовите 124, 125 и 127“.

Во однос на прашањето дали станува збор за група која дејствувала организирано, тој посочи дека допрва ги утврдуваат нивните врски.

-Оние кои што се притворени и оние по кои што се трага се некаква група која што сега ги утврдуваме нивните врски, дали можеме да ги наречеме организирана група или сѐ уште ги водиме како соизвршители на двете кривични дела. Ако се докаже дека се некаква група, тогаш ќе имаме соодветна правна квалификација за тоа, рече тој.

null

За инволвираноста на таткото посочи дека засега само посредни докази укажуваат дека учествувал во некакви насоки кога девојчето ќе излезе само, кога би можеле да го очекуваат за да се изврши тоа кривично дело на грабнување. 

- Таткото не може да го осомничиме ниту дека е дел од групата која што после го извршило најтешкото кривично дело, затоа што немаме такви сознанија за тоа. Имаме определени сознанија кои што ни кажуваат дека таткото имал одредена комуникација со лицето, сѐ уште ни е на основи на сомнение. Јас ќе ја задржам и таа структура на пресумпцијата на невиност сѐ уште за да не направам и друг проблем понатаму, со лицето кое што сега не ни е тука, дека двајца од тројцата осомничени, кога го прашале тоа лице, кажал дека овие сознанија ги имал од таткото на девојчето, рече тој.

Бубевски дополни дека ќе обезбедат мерки за присуство на таткото кој ги негирал дејствијата.

- Таткото ги негира овие дејствија. Неговата инволвираност која што сметаме дека е сѐ уште посредна во овој случај ја вадиме од контекстот на она што го кажуваат другите инволвирани во случајот. Во однос на тоа дели ќе се бара притвор, да, затоа што ова е почетно, имаме основи за сомнение за негова инволвирансот, ќе се бара одговорност, рече тој.

Она што ја прави приказната веродостојна, според Бубевски, е тоа што исказите одговараат со она што е пронајдено, а во делот на начинот како е извршено, рече дека ќе треба дополнително да се разјасни. Тој, исто така, потенцираше дека оружјето не е пронајдено. 

На прашањето на МИА до ОЈО Скопје која е првата трага што ја носи предистрагата токму кон конкретните осомничени лица, оттаму велат дека станува збор за комбинација од траги за која дополнително ќе прецизираат детали. Што се однесува до кривичните дела кои ќе им се стават на товар на осомничените, нив ќе ги открие наредбата за истрага.

Во истрагата не е вклучена мајката, за која јавниот обвинител кажа дека нема никаква улога во, како што рече „никакви дејствија кои што се од проблематична природа“. 

Спасовски: Јавната безбедност не е загрозена

На денешната прес конференција министерот Спасовски одговарајќи на прашањето дали е загрозена јавната безбедност, потенцираше дека ова е изолиран, инцидентен случај кој имал организатори и имал крајна цел – да изнудат пари.

- Ова нема врска со јавната безбедност, генерално. Ова лице според утврдените факти е грабнато внатре во влезот во зградата, по претходно добиена информација кога излегува и дека излегува само. Тоа е сосема различно од тоа што се имплицира или што деновиве и синоќа слушнавме дека заради Самитот на ОБСЕ воопшто не се постапувало по барањето за девојчето и дека заради таа активност околу организацијата на Самитот ние не сме објавиле јавно, рече тој. ар/ац/

 

Остани поврзан