• понеделник, 20 мај 2024

Ватцке ќе ја напушти функцијата извршен директор на Борусија Дортмунд

Ватцке ќе ја напушти функцијата извршен директор на Борусија Дортмунд

Дортмунд, 8 јануари 2024 (МИА) - Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватцке нема да го продолжи договорот со клубот и ќе го напушти тимот во 2025 година, пренесува „Sky Sport“.

- Нема да потпишам нов договор. Ќе се повлечам од директорската функција следната есен, изјави Ватцке.

Шеесет и четиригодишниот функционер работи како извршен директор на Борусија од 2005 година заедно со претседателот на одборот Рајнхард Раубал и финансискиот директор Томас Трес.

Во ерата на Ватцке, Борусија двапати ја освои Бундеслигата, три пати го освои Купот на Германија и стигна до финалето на Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан