• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници

Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници

Кавадарци, 17 април 2025 (МИА) - Ваташанка била приведена поради агресивност кон полициски службеници, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес. 

- Утрово во 03.30 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(33) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што агресивно се однесувала кон нив додека извршувале службени дејствија. Таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. свд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан