• понеделник, 23 декември 2024

Василев: Ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медали

Василев: Ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медали

Скопје, 6 јули 2023 (МИА) - Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, Никола Василев ги искажа своите очекувања за настапот на претстојното Европско првенство Б-Дивизија.

 

- Имавме три подготвителни дуели на кои видовме до каде сме и кои се нашите недостатоци, се соочивме и со повреди на неколку кошаркари, не бевме постојано комплетни, но најважно е што во моментов сите се здрави и подготвени за настап. Од она што остана како впечаток досега, мора да играме силна одбрана во текот на сите 40 минути за да бидеме конкурентни на првенството и да ја оствариме целта. Сепак, сметам дека подготвени за она што нè очекува. Би сакал да одиме чекор по чекор, во моментов најважно е да ја поминеме групата, па потоа можеме да размислуваме за се, за сите опции. Како конкуренти за највисок пласман ги гледам Чешка, Финска и Шведска, но и ние ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медалите, изјави Василев.

 

Европскиот шампионат ќе се одржи во Скопје од 7 до 16 јули со учество на 19 репрезентации кои ќе ќе се борат за места кои водат во елитната „А“ Дивизија.

 

Македонската репрезентација е дел групата „А“ во која за противници ги имаат селекциите на Словачка, Бугарија, Чешка и Ирска.

 

Пласман во елитата обезбедуваат првопласираните три селекции. зс/

 

Фото: КФСМ

Остани поврзан