• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вардар славеше во Битола

Вардар славеше во Битола

Битола, 29 март 2025 (МИА) – Вардар попладнево го победи Пелистер со 3:1 во дербито на 25. коло на Првата македонска фудбалска лига. 

„Црвено-црните“ до триумфот на тешкиот терен дојдоа со двата гола на Мато во последните 15 минути, откако на полувреме резултатот беше нерешен 1:1.   

Другите средби од ова коло се играат в понеделник. Двојките се:

Гостивар – Воска Спорт
Работнички – Беса
Шкендија – Брера
Силекс – Тиквеш
Струга – Шкупи.

Табела: Шкендија 50 бода, Силекс 48, Работнички 45, Гостивар 44, Струга 38, Шкупи 31, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 21, АП Брера 21, Беса 21, Воска 19. зс/

Фото: ФК Пелистер

Остани поврзан